ЗА НАС

ТЕХНОБЕН НОВА ДОО Прилеп е приватно претприjатие основано во 1999 год. како мала машинобраварска работилница со мини технологија и неколку вработени. Во текот на своето работење развивајќи се и прилагодувајќи се на современите трендови и побарувачката на пазарот прераснува во едно од водечките претпријатија во Р.Македонија за производство на индустриски парни и топловодни котли, котли за домаќинство, садови под притисок, резервоари за течно гориво, данца, силоси, греење, климатизација и сл.

Во моментов во нашата фирма имаме 28 работници, од кои 4 машински инжинери, 1 машински техничар и 23 работници од кои 10 атестирани заварувачи кои имаат TUV сертификати за заварување.

Технобен Нова ДОО има остварено голем број на референци во Р.Македонија и надвор од неа. Горди сме на нашето досегашно работење и остварените цели и се надеваме дека со заеднички напори и меѓусебна соработка ќе ги задоволиме вашите желби и потреби.

ТЕХНОБЕН НОВА ДОО
Александар Македонски 104
7500 Прилеп, МК

+389 48 428 326
+389 48 428 326

[email protected]
www.tehnoben.mk